Одржано редовно Собрание на Платформата и работилница за јакнење на антикорупциските капацитети

На 20 и 21 декември 2025 година во Куманово се одржа Собрание на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, како и работилница наменета за јакнење на капацитетите на граѓанските организации за користење на податоци и алатки во откривањето корупција и судир на интереси. Собранието се одржа на 20 декември и беше посветено на […]

Реакција на Платформата на нетранспарентноста на процесот на преговарање и договарање на т.н. договори Влада со Влада

Платформата на граѓански организации за борба против корупција реагира на нетранспарентноста на процесот на преговарање на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти, односно како што го нарекува Владата „Договор Влада со Влада“. Ова е веќе втор договор од ваков тип, […]

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на препораките на ДКСК дадени во Извештајот од спроведена антикорупциска проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата  реагира на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), презентирани на јавна седница на ДКСК, а пренесени преку медиумите, во рамки на антикорупциската проверка на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Наместо да придонесе за поголема транспарентност, отчетност и борба против корупцијата, […]

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата упати барања до надлежните институции кои ќе овозможат да се прекине праксата на неказнивост, селективна правда и формално исполнување на обврски

Корупцијата во Северна Македонија е закана за животот и безбедноста на граѓаните, а не само злоупотреба на јавни средства. Трагедиите како пожарот во Кочани, Ласкарци, „Беса Транс“, и модуларната болница во Тетово се директна последица на системски пропусти, политичка заштита, некомпетентни вработувања и институционална негрижа. И покрај континуираните ветувања за реформи, не се спроведени суштински […]

Сочувство за трагично загинатите во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и барање за сеопфатна, темелна, непристрасна и натпартиска истрага на случајот

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата изразува длабоко сочувство за трагично загинатите граѓани во пожарот во „дискотеката“ во Кочани и изразува искрени желби за побрзо закрепнување на повредените. Пожарот во Кочани е само последно во низата на случувања кои покажуваат дека корупцијата убива. За жал, по случајот во Ласкарци, случајот со „Беса транс“, […]

Реакција на Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата на изнесените ставови на пратеникот Бојан Стојаноски

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на обидите на пратеникот Бојан Стојаноски да ги поврзува реакциите на Платформата со влијанија на политички партии. Во услови кога сериозни аргументи против предложените измени на Законот за јавните набавки беа добиени и од Државата комисија за спречување на корупцијата, како и од Европската Унија, […]

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена и дополнување на Законот за јавните набавки, поднесен во Собранието по скратена постапка на 5 декември 2024 година, од група пратеници. Предложените законски измени со кои се укинува управната контрола на јавните набавки што ја спроведува Бирото за јавни набавки […]

Реакција на итните законски измени за прекин на мандатите на независните државни комисии

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата остро реагира на изгласаните измени и дополнувања, како и на предлозите за нови измени на законите со кои што предвреме се прекинува мандатот на членовите и на претседателите на независни и самостојни државни органи, Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН), Комисијата за заштита на конкуренцијата […]

Поддршка од Платформата на граѓански организации за борба против корупција за Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање поднесен од О2 Иницијатива

О2 Иницијатива на 2 септември достави до пратениците во Собранието Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Овој предлог е во насока на зголемување на транспарентноста на постапката на донесување на урбанистички планови и одобрување на урбанистички проекти, а со цел зголемено и навремено учество на јавноста, Советот на општината. Ова […]