Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата реагира на јавните изјави на Премиерот во врска со постапката за избор на државен јавен обвинител

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата со внимание го следи процесот за избор на нов државен јавен обвинител. Имајќи предвид дека Совет на јавни обвинители јавно соопшти дека дал позитивно мислење за четворица кандидати кои ги исполнуваат законските услови и дека предметот е доставен во понатамошна постапка до Владата на Република Северна Македонија, […]

Платформата за борба против корупција достави предлози за годишната програма за работа на Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење

Во духот на воспоставената соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Платформата достави предлог-мерки за Годишната програма за работа на Кабинетот за 2026 година. Предложените мерки и активности произлегуваат од анализа на состојбите во областа на доброто владеење, превенцијата и борбата против корупцијата, како и од долгогодишното искуство […]

Апел од Платформата за борба против корупција за непотпишување на указот на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и користење на уставното право на вето

Денес, 28.01.2026 Платформата за ГО за БПК поднесе допис до Претседателката на Република Северна Македонија проф. д-р Гордана Силјановска Давкова со кој бара да не го потпише указот на  Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Во прилог го објавуваме интегрално доставеното барање: “Почитувана Претседателке, Платформата за борба против корупција Ви се обраќа со […]

ПЛАТФОРМАТА НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА БАРА ИТНО ИМЕНУВАЊЕ НА РАКОВОДСТВО ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО ЗА СЛОБОДЕН ПРИСТАП ДО ИНФОРМАЦИИТЕ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата ги повикува пратениците во Собранието на Република Северна Македонија итно да именуваат директор и заменик-директор на Агенцијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Оваа Агенција, која е клучна за заштита на уставно загарантираното право на граѓаните до информациите кои ги поседуваат […]

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА Во врска со Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Платформата на граѓански организации за борба против корупција ја информира јавноста дека денеска до Собранието на Република Северна Македонија и матичната Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците достави допис во врска по Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик. Заеднички и недвосмислен став на Платформата на граѓански организации за борба против корупција […]

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата и Блупринт групата за реформи во правосудството реагираат на Измените на КЗ кои создаваат правна несигурност и ризик од институционална конфузија во преоден период

Иако ја поздравуваме иницијативата за интервенирање во Кривичниот законик, сметаме дека предложените измени, во сегашната форма, не претставуваат вистинско враќање на состојбата пред 2023 година, туку воведуваат нови решенија со сериозни последици по правната сигурност и борбата против корупцијата. Затоа, упатуваме неколку јасни барања: Тековните измени на Кривичниот законик да се ограничат исклучиво на враќање […]

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи, како клучен чекор против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара итно донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Платформата на граѓански организации за борбата против корупцијата изразува сериозна загриженост поради бавниот процес на донесување на Предлогот на Закон за заштита на укажувачи. Иако Платформата активно учествуваше во  работната група формирана од Министерството за правда […]