Во духот на воспоставената соработка со Кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за политики на добро владеење, Платформата достави предлог-мерки за Годишната програма за работа на Кабинетот за 2026 година.
Предложените мерки и активности произлегуваат од анализа на состојбите во областа на доброто владеење, превенцијата и борбата против корупцијата, како и од долгогодишното искуство и експертиза на граѓанскиот сектор. Нивната цел е унапредување на транспарентноста, отчетноста и ефикасноста на институциите и зајакнување на системските механизми за владеење на правото.
Предлог-мерките се однесуваат на унапредување на транспарентноста и отчетноста на Кабинетот, зајакнување на координацијата во борбата против корупцијата, следење на имплементацијата на националните стратегии, унапредување на законската рамка и продлабочување на дијалогот со граѓанскиот сектор.
Предлозите се доставени како конструктивен придонес во процесот на планирање и спроведување на јавните политики, во духот на партнерство и отворен дијалог.
Предлозите може да ги најдете тука.