Антикорупциска проверка на легислативата – Извештај на Законот за експропријација

Еден од основните заклучоци кои произлегуваат од анализата на Законот за експропријација е дека намерата на законодавецот е да ја заштити државата наместо сопствениците на приватниот имот, кој е предмет на експропријација.

Законот креира дискрециони овластувања за органите кои ја спроведуваат експропријацијата со што се креира можност за злоупотреба на влијание и корупција.

Надоместокот во процесот на експропријација останува да биде најголема слабост во спроведувањето на овој закон. И покрај тоа што Уставот и законот се водат од паролата на реалната пазарна вредност, во пракса ова недостасува и најголемиот број судски спорови се водат токму за висината на надоместокот и енормно пониските цени кои ги нудат органите за експропријација.

Правните празнини во прекршочните одредби, пак, овозможуваат за злоупотреби во постапките и неказнивост во погрешното водење на постапките за експропријација.

Прочитајте ја целата анализа тука.