Методологија и инструменти на Антикорупциска комисија во пресрет на изборите

Оваа анализа ги разработува методите кои ДКСК ги има на располагање со цел да ги мониторира изборите. Оттаму, анализата опфаќа неколку суштествени прашања:

  • законски овластувања на ДКСК поврзани со корупцијата и судирот на интереси во текот на изборите;
  • алатки и механизми кои на ДКСК ѝ стојат на располагање, односно кои Комисијата ги развила, со цел успешно спроведување на сопствените законски овластувања поврзани со корупцијата и судирот на интереси во текот на изборите;
  • капацитети на ДКСК за вршење ефективна контрола во текот на изборниот процес.

ДКСК има бројни надлежности да ги следи изборите, кои произлегуваат од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси (ЗСКСИ), Изборниот законик, но и други прописи. Анализата на овие прописи покажува дека постојат повеќе недоследности во нивните одредби, а тоа може значително да ја успори работата на Комисијата, односно да доведе до пад на квалитетот во нејзиното работење. Сепак, во законите има и извесни позитивни новини за македонското законодавство. Во текстот кој следи ќе биде направен осврт на законските одредби од ЗСКСИ и Изборниот законик и ќе се објаснат најистакнатите ризици кои произлегуваат од нив (од лошата формулација на одредбите или поради фактот што тие едноставно не можат да се спроведат).

ДКСК има изработено алатки со цел поефективно следење на изборите. Во текстот е направен преглед на овие алатки со цел подобро запознавање со нив. Исто така, Комисијата го има променето и својот пристап во комуникацијата со граѓаните и медиумите, што е исклучително значајно.

Целата анализа може да ја прочитате на следниот линк:

Методологија и инструменти на државната комисија за спречување корупција во пресрет на изборите.

Анализата во целост може да ја преземете тука.