Апликантите можеле да побараат проверка на судир на интереси за грантовите во Фондот за иновации

Оваа истражувачка сторија е подготвена од новинарката Кристина Озимец, како дел од грантот на Проектот на УСАИД за граѓанско учество за „Јакнење на платформата за граѓански организации за борба против корупција”. Ставовите изразени во сторијата му припаѓаат на авторот и не ги изразуваат ставовите на УСАИД или на Владата на САД. 

(Видео) Апликантите можеле да побараат проверка на судир на интереси за грантовите во Фондот за иновации

Функционерите имале можност да побараат проверка дали имаат судир на интереси пред да аплицираат во Фондот за иновации и технолошки развој. Тие можеле да поднесат изјави за непостоење судир на интереси, во кои ќе биде испитано дали може да постои некакво влијание, тврдат дел од правните експерти.

Според член 7 од Законот за спречување на судир на интереси во случај на постоење на сомневање на судир на интереси, службеното лице е должно да побара мислење од Антикорупциската комисија.

Иако Собранието ги разреши членовите на комисијата во март и нејзината работа е блокирана, сепак секретаријатот како стручна служба, ги врши административните и техничките работи и преку архивата и преку службената електронска пошта.  Оттаму велат дека до нив не стигнало барање за мислење дали има судир на интереси во конкретниот случај.

Управниот одбор на Фондот за иновации низ годините носел серија правилници за сите грантови кои ги доделува. Во еден од нив пишува дека сопственичката структура е критериум за добивање на грантовите, само врз основа на тоа дали апликантите се со доминантно македонска сопственост.

Но, предселекцијата на проектите пропишува дека директорот или овластено лице од него, формираат Комисија за административна проверка на проектите која меѓу другото, содржи и податоци за сопственичката структура на апликантот, што укажува на тоа дека на Комисијата сепак ѝ биле познати сопствениците на фирми кои учествувале на јавниот повик.

Погледнете го целиот прилог во продолжение.

https://www.youtube.com/watch?v=WYBvV33rAmk