Анализа на работата на ДКСК од 2017 година: ПРЕПОРАКИ ЗА РАБОТАТА НА НОВАТА ДКСК

Анализата на работата на ДКСК од 2017 година: Препораки за работата на новата ДКСК претставува сублимирана анализа на состојбата во која се наоѓала Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) наспроти очекувањата за нејзините идни активности.

Оваа анализа има за цел да прикаже колку ДКСК во изминатите години ги исполнувала своите надлежности и влијаела врз превенирање и сузбивање на корупцијата. Критериумите што се користени за мониторинг на работата на ДКСК во 2017 година се водени од премисата на транспарентност и отчетност, како и нејзиниот придонес во борбата против корупцијата во државата. Предмет на елаборирање е 2017 година како последна година пред случувањата во ДКСК поврзани со злоупотреба на државни средства од страна на членовите на оваа Комисија, што резултираше со оставки на комисионерите и нефункционална Комисија во 2018 година.

Самата анализа дава увид за состојбата во која се наоѓала ДКСК како во 2017-та така и во 2018 година и предизвиците со кои се соочувала оваа институција за нејзино понатамошно опстојување. Преку обработка на новиот Закон за спречување корупција и судир на интереси, се обработија и новите надлежности на ДКСК и новините што овој закон ги предвидува за самата Комисија.

Самата анализа има за цел да ги утврди предностите и предизвиците на новиот закон и да презентира кои се очекувањата за иднината на ДКСК.

Преку утврдените заклучоци и препораки се овозможува читателот да се запознае со потребните реформи што ова тело треба да ги преземе и кои треба да бидат приоритетите на оваа институција во иднина. Фокусот на анализата е само на работата на ДКСК, нејзините перформанси и очекувањата за идни активности, без посебен осврт на политиките за антикорупција, институционалните практики и спроведувањето на законите, улогата на судството во справувањето со корупцијата, влијанието на ефектите од коруптивните дела врз развојот на економијата и сл.

Целосната анализа е достапна тука.