Конкурс за истражувачки стории на тема – корупција

Платфомата на граѓански организации за борба против корупција во која членуваат вкупно 15 граѓански организации ги поканува сите новинари кои работат во областа на истражувачкото новинарство, да изразат заинтересираност за учество на серија работилници која ќе се организират во престојниот период, во рамки на проектот „Јакнење на Платфромата на граѓански организации за борба против корупција“ поддржан од Проект на УСАИД за граѓанско учество.

Дополнително, како дел од проектните активности во рамки на горенавдениот проект, ќе бидат ангажирани новинари за пишување на стории (предвидено е да бидат изработени вкупно 10 истражувачки стории) на оваа проблематика и за истите ќе им бидe исплатен бруто износ од 500 УСД за една истражувачка сторија. Новинарите кои ќе се пријават за учество на работилниците потребно ќе биде да дадат предлог тема на сторија.

Побрзајте и пријавете се на следниот телефонски број: 3217-000 или на следната емаил адреса: info@transparency.mk (со назнака: “Истражувачки стории,,. Информации во опис: име и презиме, контакт телефонски број, име на медиум), најдоцна до 22.11.2017 година.