- Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на оваа анализа, како во однос на бројот на ангажираниот медицински персонал, потрошените лекови за третман на хоспитализираните пациенти, дадената кислородна поддршка, потрошените маски така и во однос на бројот на просечни денови на хоспитализација и стапката на смртност на пациенти;
- Само пет ковид-центри овозможиле високо ниво на здравствени услуги според индикаторите на истражувањето во анализираниот период, 21 од центрите овозможиле просечно ниво на здравствени услуги и два овозможиле ниско ниво на здравствени услуги;
- При спроведување на постапките за јавни набавки со примена на постапката за преговарање без претходно објавување оглас да се вклучуваат повеќе фирми во преговарањето, бидејќи причината за преговарање е итноста на набавките, а не заштитата на ексклузивното право на одредени фирми;
- Да се почитуваат роковите на испорака на набавените производи имајќи предвид дека токму итноста на набавките ја оправдува примената на оваа постапка на преговарање без претходно објавување оглас;
- Детално да се образложуваат причините за секоја набавка во одлуката за набавката за да се оправда дека договорниот орган не можел да ја предвиди набавката, немал време за примена на други постапки и дека околностите за крајната итност во никој случај не можат да ѝ се припишат на институцијата што набавува.
Истражувањето на еднаквоста на испорачаните здравствени услуги во различните ковид-центри во земјава се спроведе од страна на Центарот за граѓански комуникации во рамките на проектот „Набљудување во ризични области од корупција: здравство и животна средина“, поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.
Целата анализа може да ја прочитате тука.
Post Views:
879