Извештај од мониторингот и истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција

Институциите на јавниот сектор во Република Северна Македонија се големи потрошувачи на јавни пари. Во 2021 година, овие институции потрошиле преку јавните набавки 11 % од БДП (бруто домашниот производ), или рекордни 78,5 милијарди денари (1,275 милијарди евра).

Спротивно на многу земји од светот кои веќе ја препознаа вредноста на т.н. зелени јавни набавки како инструмент за водење еколошка политика, во Северна Македонија не се ни зборува за такви „зелени набавки“. Поради отсуство на јасни политики и насоки, се забележува дијаметрално различна пракса кај институциите. Воедно, не се почитуваат ниту оние малку прописи и насоки донесени во оваа смисла.

Овој извештај е изработен во рамките на проектот „Приспособување кон климатските промени преку спречување на корупцијата во јавните набавки“, што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.

Извештај од мониторингот и истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција