Втор извештај за работата на Државната комисија за спречување корупција

Главната цел на мониторингот е следење на донесените одлуки од јавните седници, на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), која е превентивно тело и има функција да спречи да настане корупција. Следењето на ДКСК во рамки на проектот „Набљудување на успешноста на работењето на Државната комисија за спречување на корупцијата“ се одвива во две фази. Првата фаза е од почетокот на работењето на новиот состав на комисијата, односно по донесувањето на првите одлуки во март 2019 до септември 2019та година, а втората фаза е до крајот на 2019та година односно за преостанатите три месеци кои не се опфатени со првиот извештај од октомври до декември 2019та година. Податоците на кои се потпира овој извештај се прибирани од сајтот на Државната комисија за спречување на корупцијата како и на информации добиени со испраќање барања за пристап до информации од јавен карактер до ДКСК.

Анализирани во овој извештај се последните три месеци од 2019та година во кои ДКСК има одржано две седници и донесено 96 одлуки.

Извештајот во целост е достапен тука.