Платформата ќе врши набљудување на успешноста на работата на ДКСК

Платформата на граѓански организации за борба против корупција во периодот од меѓу мај и декември 2020 ќе го имплементира проектот „Набљудување на успешноста на работата на ДКСК“, финансиран од Фондација Отворено општество Македонија преку грантовата шема за поддршка на неформални мрежи.

Главната цел е  намалување на корупцијата преку подобрен интегритет на институциите, со активно вклучување на сите засегнати страни во борбата против корупцијата и со подобрување на фокусот на работење и правење приоретизација на случаите кои ги работи ДКСК и вклучување и партнерско работење на повеќе засегнати страни.

Главен фокус е ставен на Државната комисија за спречување на корупцијата, проектните активности имаат за цел да го подобрат работењето на институцијата но и да ја поттикнат институцијата да направи позитивни промени во динамиката на работа. Преку мониторинг работата ќе се направи скенирање на областите на кои што работи институцијата и Платформата да даде препораки и насоки за подобро делување.

Менувањето на перцепцијата за (не)работењето на институциите е долготраен процес. Истиот може се поттикне преку директно вклучување на општата јавност преку соодветна едукација и редовно комуницирање со различни комуникациски алатки и различни наративи.

Креираната методологија која креира мапа на ранливи области ќе и помогне на ДКСК да ги скенира областите на кои работи и врз основа на добиените податоци да го насочи фокусот за идно работење.  Дополнително останатите проектни продукти ќе бидат основа за застапување и креирање на политики, но и добра практики и пример за заедничко работење на институција и граѓанско општество.

Одобрени средства: 44965$

Носител на проектот: ИДСЦС

Имплементатор: Платформа на граѓански организации за борба против корупцијата

Целни групи: ДКСК, Собрание, Влада и општини, медиуми, невладини организации, општа јавност